Инженерите на BAIC -престижниот сопствен бренд на BAIC Group - длабоко ги разбираат очекувањата и навиките на современите возачи. Тоа разбирање е резултат на децении истражување, технолошко усовршување и блиска соработка со некои од најреномираните светски автомобилски производители.
Ова богато знаење и искуство прераснуваат во постојана инспирација за креирање на палета на достапни, разновидни и модерни возила што ги задоволуваат различните животни стилови и практични потреби на денешниот возач.
Погледнете ја најновата генерација возила на BAIC Македонија Премиум Брандс – ценети и од прагматичните купувачи и од вистинските автомобилски ентузијасти. Запознајте ги SUV моделите BAIC X55 и X75, како и седанот U5 Plus – елегантен, практичен и идеален за урбано секојдневие.
BAIC нуди повеќе од автомобил. Нуди избор без компромис. Со богатa стандардна опременост и привлечни цени, возилата на BAIC претставуваат паметен и рационален избор – без долготрајни дилеми и непотребни трошоци. Вашата улога? Едноставна – изберете ја бојата и додатоците. За сè останато се грижи нашиот професионален тим во BAIC Македонија Премиум Брандс.
Со поглед кон иднината, BAIC Group активно инвестира во развој на електрични возила преку брендот Arcfox, како и хибридни и водородни погони. Компанијата вложува во најсовремени технологии за автономно возење – со една јасна визија: обезбедување иновативна, одржлива и лесно достапна мобилност за сите.
BAIC Македонија Премиум Брандс - кога изборот е лесен, возењето е уживање.