Друштво за трговија и услуги ПРЕМИУМ БРАНДС ДОО увоз извоз Скопје (во понатамошниот
текст: Премиум Брандс) го почитува вашето право на приватност. Без оглед на тоа дали
воспоставувате деловен однос со Премиум Брандс како вработен, клиент на BAIC, корисник,
граѓанин или во друго својство, имате право вашите лични податоци да бидат заштитени.
Во оваа политика на Премиум Брандс за приватност и заштита на личните податоци
објаснуваме како ги собираме вашите лични податоци, зошто ги собираме, што правиме со
вашите лични податоци, со кого ги споделуваме, како ги заштитуваме вашите лични податоци
и што вие може да побарате да направиме со вашите лични податоци.
Оваа Политика се однесува на обработката на вашите лични податоци во контекст на
управување со човечки ресурси и активности поврзани со вработените (управување со
плаќањата, безбедност и здравје при работа, избор, организациски развој), како и во
контекст на разни услуги, алатки, апликации, веб-страници, портали, промоции при
продажби, маркетинг активности, спонзорирани платформи на социјални медиуми итн. кои се
обезбедени или администрирани од нас или во наше име.
Оваа политика содржи општи правила и објаснувања. Истата е надополнета со одделни
конкретни известувања за приватност, поврзани конкретни услуги, алатки, апликации,
веб-страници, портали, (Интернет) промоции при продажби, маркетинг активности,
спонзорирани платформи на социјални медиуми итн., обезбедени или администрирани од нас
или во наше име. Овие известувања за приватност ќе ви бидат соопштени секогаш кога
вашите лични податоци се потребни во контекст на горенаведените активности (на пр. преку
Интернет-страници, портали, индивидуални комуникациски услуги, информативни билтени,
потсетници, истражувања, понуди, настани итн.).
Кога ги бараме вашите Лични Податоци, секогаш јасно ќе ве информираме кои ваши Лични
Податоци ги собираме. Овие информации ќе бидат достапни преку документот достапен за
сите субјекти на лични податоци: Информации за права на субјектот кое може да вклучува,
на пример, конкретна услуга (вклучувајќи комуникациска услуга), електронски билтен,
потсетници и писма, истражувања, понуди, покани за настани итн.
Ви обрнуваме внимание дека во согласност со важечкото законодавство за заштита на
личните податоци, вашите лични податоци може да бидат обработени ако ние имаме правна
основа за обработка на личните податоци. Правни основи за обработка на лични податоци
се:
- Исполнување на законска обврска - Вашите лични податоци ги обработуваме заради
законски
обврски (пример обврска за чување на персоналното досие на вработените).
- Исполнување на договорна обврска - Вашите лични податоци ги обработуваме и заради
исполнување на договорните обврски кои произлегуваат од Договорот за вработување и
заради исполнување на други договорни обврски кои произлегуваат од некој друг
комерцијален Договор, но во рамки на прописите утврдени во Законот за заштита на лични
податоци и неговите подзаконски акти.
- Легитимен интерес на компанијата – Легитимниот интерес е правен основ за обработка
на лични податоци кога компанијата има оправдан и деловно релевантен интерес што не ги
надминува правата и слободите на поединците
- Изјава за согласност - Обработката на Вашите податоци, ако не е со законски основ
можеме да извршиме само врз основа на Ваша дадена изречна согласност. Во тој случај ќе
превземеме соодветни мерки, за благовремено, на транспарентен, разбирлив и лесно
достапен начин да Ве известиме за целта на обработката за која ни е неопходна Вашата
согласност за да можете да донесете информирана одлука за тоа дали сакате да ни ја
дадете согласноста. Дополнително ќе бидете известени за Вашите законски права, како и
начинот на повлекување на дадената согласност врз основа на Законот за заштита на
личните податоци.
Подолу ќе најдете примери на ситуации во кои најчесто ќе бараме ваши лични податоци и правна основа за нашето барање:
- Нарачување и купување на автомобил - правната основа се претставува со склучувањето и извршувањето на договорот или извршувањето пред склучувањето на договорот за купопродажба.
- Услуги за одржување и сервисирање на Вашето возило - правната основа се претставува со склучувањето и извршувањето на договорот, или извршувањето пред склучувањето на договорот за одржување и давање на услугата.
- Услуги за одржување и сервисирање на Вашето возило - правната основа се претставува со склучувањето и извршувањето на договорот, или извршувањето пред склучувањето на договорот за одржување и давање на услугата.
- Тест возење
- Маркетиншки цели - правната основа се претставува со давање согласност со примање на комерцијални огласи.
- Складирање на колачиња неопходни за работењето на веб-страните - правната основа ќе биде претставена од нашиот легитимен интерес бидејќи складирањето на колачиња е неопходно за правилно функционирање на веб-страните. Правната основа за користење на Претпочитани колачиња и Колачиња за перформанси и функционалност е Ваша дадена согласност дадена на Веб страната на Премиум Брандс.
- За сегментиран (директен) маркетинг – правниот основ за вршење на директен маркетинг на своите производи и услуги и за маркетинг на производите и услугите на Премиум Брандс е Вашата дадена изречна согласност.
- Остварување на права од гранација на возило – правниот основ се претставува преку извршување на гаранцијата на возилото при евентуални утврдени технички или фабрички грешки.
- Истражување на пазарот - Ќе ги користиме вашите лични податоци за собирање, анализирање и задржување на резултатите од квалитативно и квантитативно истражување, кое може да го изврши надворешна агенција. Вашите одговори ќе се обработуваат масовно и во никој случај, конкретни податоци нема да бидат поврзани со вас. Правниот основ за вршење на овие активности е вашата дадена согласност.
Ние ги обработуваме вашите Лични Податоци за конкретни, јасни и легитимни цели и
последователно нема да ги обработуваме вашите Лични Податоци на начин што е
некомпатибилен со тие цели.
Таквите цели може да бидат исполнување на нарачка направена од вас, подобрување на
вашите посети на која било од нашите веб-страници или портали, целокупно подобрување на
нашите производи и услуги, обезбедување услуги или апликации, маркетинг активности итн.
Целта на секоја Обработка на вашите Лични Податоци ќе биде јасно наведена во
Информациите за субјектот на личните податоци достапно во врска со таа конкретна
Обработка. Овој документ ќе биде достапен, на пример, на веб-страница или портал, во
апликација, во електронски билтен, итн.
За нас е важно да одржуваме точни и ажурирани записи за вашите Лични Податоци. За таа
цел податоците кои се прибрани по пат на согласност ќе бидат ажурирани на секои 6 години
или ќе бидат избришани по повлекување на вашата согласност. Понатака при секое добиено
барање за иземна, бришење и дополнување на лични податоци ние ќе реагираме соодветно во
рок од 15 дена. Ве охрабруваме преку јавно достпаните урнеци да пријавите било какви
промени или неточности во вашите лични податоци. За да се осигураме дека не обработуваме
податоци по истек на рокот за кои се наменети Премиум Брандс воспостави процедура со
рокови за бришење на сите документи кои содржат лични податоци. Ние ќе ги преземеме
потребните активности за бришење или ажурирање (каде што е потребно) на какви било
неточни или застарени Лични Податоци.
Вие Имате право да пристапите до вашите лични податоци кои ги обработуваме, и ако овие лични податоци се неточни или нецелосни, имате право да побарате исправка. Во секое време, под услови утврдени со закон, може да побарате бришење на вашите лични податоци („право да се биде заборавен“) или ограничување на обработката. За таа цел користете ги урниците кои се јавно достапни во продажниот салон на Премиум Брандс.
Вашите Лични Податоци ги чуваме во согласност со важечкото законодавство за заштита на
Личните Податоци за периодот кој е неопходен за исполнување на целите за кои ги
обработуваме или за исполнување на нашите законски обврски.
- Договори, анекси и пропратни документи (нарачки за купување, Општи услови, нарачки за
продажба-набавка на возила, протоколи за испорака-прифаќање, договори за закуп, договори
за комисија, копии од продажни фактури -итн.) ги чуваме 10 години од последната
активност поврзана со предметот на договорот.
– Постпродажни податоци (понуди за услуги, записи за делови, налози за поправка,
поплаки)
ги чуваме 10 години од последната активност.
– Услуги за клиенти
– Прашања за Helpdesk ги чуваме 2 години
– Формулари за тест возења ги чуваме 3 години
- Казните од тест возењето ги чуваме 10 години
- Формулари за согласности ги чуваме 6 години
- Поплаките ги чуваме 10 години
- Дадени согласности (за маркетинг активности или за електронско известување или
профилирање) ги чуваме се до повлекувањето на согласноста од страна на субјектот,
дадените согласности се проверуваат на 6 години.
За дополнителни информации за тоа колку долго ќе се чуваат одредени Лични Податоци пред
да бидат избришани од нашите системи и бази на податоци, исто така можете да
контактирате со нас на начинот опишан на начин опишан во оваа политика во точка 12.
Ние применуваме збир на соодветни технички и организациски безбедносни мерки за да ги
заштитиме вашите Лични Податоци од незаконски или неовластен пристап или употреба, како
и од случајно губење или оштетување на нивната целина. Овие мерки се развиени во
согласност со информатичката технологија што ја користиме, поврзаните трошоци за
спроведување, природата, обемот, контекстот и целите на обработката, како и во
согласност со стандардите и практиките применети во нашата индустрија.
Вашите лични податоци може да бидат обработени од трето лице – Обработувач само под
услови предвидени со закон и само ако тој се согласи да ги примени истите технички и
организациски безбедносни мерки.
Секој Обработувач кој обработува лични податоци за име и за сметка на Премиум Брандс,
има потпишано Договор за обработка на личните податоци, и се обврзува да применува
соодветни технички мерки за сигурност на податоците.
Одржувањето на безбедноста на податоците значи заштита од неовластена или незаконска
обработка, како и од случајно губење, уништување или оштетување на вашите лични
податоци:
- Доверливост: ние ги штитиме вашите лични податоци од несакано откривање на трети лица.
- Целокупност и интегритет: ние ги штитиме вашите лични податоци од промени од
неовластени трети лица.
- Достапност: гарантираме дека само овластените лица имаат пристап до вашите лични
податоци кога тоа е потребно.
Нашите мерки за безбедност на лични податоци вклучуваат: Контролиран пристап – пристапот до системите за складирање на лични податоци не е доделен на никого без соодветна лозинка или двофакторна проверка, така што податоците се достапни само за овластени лица.
Контрола на пристап – усвоивме мерки кои спречуваат неовластено читање, копирање, менување, отстранување од системот или друго справување со нив.
Создавање псевдоними – ги обработуваме личните податоци со нивно менување во форма во која тие не се припишуваат на одредено лице (тие се псевдонимизирани).
Контрола на преносот – сите што се занимаваат со лични податоци при нивниот електронски пренос е заштитена за да се спречи неовластено читање, копирање, измена или бришење.
На кои категории на корисници може да им ги доставиме личните податоци:
трети лица (физички или правни лица) кои соработуваат со Премиум Брендс во каква било
форма, дејствувајќи во име и за сметка на Премиум Брендс , со цел да се постигне целта
за обработка на договорот, вклучувајќи ги следниве категории:
1. Компании - добавувачи на опрема за информатичка технологија;
2. Агенции за обезбедување лица и имот со пристап до видео надзорот;
3. Друштва за консултантски услуги;
4. Компании кои вршат достава на производи
5. Јавни установи;
6. Финансиски институции, Управа за јавни приходи и други институции од оваа област;
7. Надзорни, судски, и државни органи заради исполнување на законските обврски на
Премиум брендс наложени согласно важечката законска регулатива или со судска одлука;
8. Овластени сметководители и ревизорски друштва.
Компанијата може да ги открие вашите лични податоци доколку таквата акција е неопходна
за:
• Усогласување со некоја законска норма во законски предвидена постапка
• Спречување или истражување на можни грешки при давањето на услугите од страна на
компанијата
• Заштита на личната безбедност на корисниците на услугата или на јавноста
Обработувачи на податоци кои можат да имаат пристап до личните податоци
• Агенции за наплата на побарувања -со цел вршење на услуги за наплата на побарувања во
должничко-доверителски односи со потрошувачи
• Маркетинг агенции – со цел вршење на активности со цел реализација на маркетинг
активности, за информирање на потрошувачи за нови продукти и новости поврзани со Премиум
Брандс
• Надворешни изведувачи на, со цел вршење на услуги за одржување на системите,
администрација и развој на системи и апликации, кои би можеле да имаат пристап до
согласностите на потрошувачите или до податоци на вработените
• Сметководители - со цел извршување на активности од областа на смеководството, давање
примања на вработени, плаќање на должности и давачки.
• Надворешни даватели на услуги поврзани со архивирање на податоци –со цел водење на
архивата кои може да имаат податоци за вработени или за клиенти
Вашите Лични податоци може да бидат пренесени во Сојузна Република Германија. Република Германија е членка на Европската Унија, и е усогласена со Европската Регулатива за заштита на личните податоци (GDPR), а со тоа и со Законот за заштита на личните податоци.
Вашите Лични податоци може да бидат пренесени на приматели кои можат да бидат надвор од ЕУ/ЕЕП и може да бидат обработени од нас и тие примачи надвор од ЕУ/ЕЕП исклучиво во согласност со важечкиот закон. Ние применуваме соодветни конкретни мерки за да обезбедиме соодветно ниво на заштита на вашите Лични податоци при пренесување во земји надвор од ЕУ/ЕЕП, кои генерално не обезбедуваат исто ниво на заштита на податоците како ЕЕЗ или за истите не може да се претпостави нивото на заштита.
Ние секогаш ќе ве известуваме јасно кога вашите лични податоци ќе бидат пренесени надвор од ЕУ/ЕЕП. Овие информации ќе ви бидат дадени преку документот Информации за субјектот на личните податоци во врска со таа конкретна Обработка (вклучувајќи и услуги за електронски комуникации), електронски билтени, потсетници, истражувања, понуди, покани за настани итн.
Ние сакаме да бидеме што е можно потранспарентни кон вас, затоа вие можете да ни
покажете кој е вашиот избор како сакате да ги користиме вашите Лични податоци.
• Избор за тоа како да ве контактираме
Имате различни опции за избор на начинот на кој сакате да ве контактираме, преку кој
канал (на пр. електронска пошта, пошта, социјални мрежи, телефон), за каква цел и колку
често, со прилагодување на поставките за доверливост на уредот или со ажурирање на
вашиот кориснички профил или со следење на упатствата за повлекување содржани во
(добиената) комуникација.
• Вашите Лични податоци
Секогаш можете да контактирате со нас, за да дознаете кои ваши Лични податоци се
зачувани кај нас и од каде потекнуваат. Под одредени услови утврдени со закон, имате
право да ги добиете вашите Лични податоци кои ни ги имате дадено во структуиран,
вообичаено користен, машински читлив формат и/или (ако е технички возможно) да добиете
директен пренос на друг контролор назначен од вас.
• Право на исправка
Ако најдете грешки во вашите Лични податоци или ако тие се нецелосни или неточни, може
да побарате да ги исправиме неточните или дополниме нецелосните лични податоци.
• Право да побарате ограничување на Обработката
Имате право, под услови утврдени со закон, да побарате ограничување на Обработката на
вашите Лични податоци (на пример, кога се врши проверка на точноста на вашите Лични
податоци).
• Право на приговор
Имате право во секое време согласно важечкиот закон да поднесете приговор на обработката
на вашите Лични податоци, како и приговор на обработката на вашите Лични податоци за
цели на директен маркетинг (доколку сакате, исто така може да наведете преку кој канал
за комуникација и колку често сакате да ве контактираат) или споделувањето на вашите
Лични податоци со трети лица за такви цели.
Имате право да ја повлечете вашата согласност за продолжување на Обработката на лични
податоци дадени од вас во кое било време.
• Покрај тоа, може да побарате да ги избришеме сите лични податоци кои се однесуваат на
вас („право да се биде заборавен“) (освен во одредени случаи, на пример - за докажување
на трансакција или кога постои законска основа).
Субјектите на личните податоците можат да ги користат правата според оваа Политика со
поднесување барање за остварување на соодветното право.
Барање за остварување на правата на субјектите на лични податоци може да се поднесе на
следниот начин:
• Електронски на следната адреса на електронско сандаче: contact@baic.mk
• На веб-страницата на Друштвото: Контактирајте не: baic.mk
• По пошта на адресата на ПРЕМИУМ БРАНДС ДОО СКОПЈЕ: Улица Перо Наков бр.25 Скопје
• На меил адресата на офицерот за заштита на лични податоци: gdpr@gconsult.mk
Барањето за остварување на правата во врска со заштитата на личните податоци треба да ги
содржи следниве информации:
• Идентификација на лицето - име и презиме;
• Контакти за повратни информации - адреса, телефон, адреса на електронско сандаче;
• Барање - опис на барањето.
ПРЕМИУМ БРАНДС ДОО Скопје обезбедува информации за преземените активности во врска со
барањето за остварување на правата на субјектите во рок од 15 односно 30 дена (во
зависност од природата на барањето) по приемот на барањето.
Ако постои законска можност, роковите од претходниот став може да се продолжи за
дополнителни 60 дена, земајќи ги предвид комплексноста и бројот на барања од одредено
лице. ПРЕМИУМ БРАНДС ДОО Скопје го информира лицето за секое такво продолжување во рок
од 15 односно 30 дена (во зависност од природата на барањето) по приемот на барањето,
наведувајќи ги причините за доцнењето.
ПРЕМИУМ БРАНДС ДОО Скопје не е должен да одговори на барање во случај да не е во можност
да го идентификува субјектот на податоците.
ПРЕМИУМ БРАНДС ДОО Скопје може да побара обезбедување дополнителни информации потребни
за потврда на идентитетот на субјектот на податоците.
Кога барањето е поднесено по пат на електронски средства за комуникација, информациите,
каде што е можно, се обезбедуваат со електронски средства, освен ако субјектот на лични
податоци не побарал поинаку.
Ве молиме да имате во предвид дека имате право да поднесете барање против Контролорот до
надлежниот орган за заштита на личните податоци
Во однос на ПРЕМИУМ БРАНДС ДОО Скопје (како Контролор) надлежен орган за заштита на
личните податоци е Агенцијата за заштита на личните податоци со адреса: бул.„Гоце
Делчев“бр. 18, (зградата на Македонска радио телевизија МРТВ - кат 14) и контакт:
info@privacy.mk
Овозможуваме Контакт во врска со прашања поврзани со Заштитата на Личните Податоци, каде
што ќе одговориме на вашите прашања или барања во врска со оваа Политика, конкретни
известувања за приватност, Вашите Лични Податоци (и нивна Обработка).
Било какви прашања, барања или поплаки во врска со примената на оваа Политика или
остварувањето на вашите права, како што е опишано во оваа Политика, може да ги упатите
на следниот Контакт во врска со прашања поврзани со Заштитата на Личните Податоци:
ПРЕМИУМ БРАНДС ДОО СКОПЈЕ
Улица Перо Наков бр.25 Скопје
Наводите од оваа Политиката ги дополнуваат и не ги заменуваат другите наводи од
важечкото законодавство за заштита на Личните податоци. Во случај на судир помеѓу оваа
Политика и важечкото законодавство за заштита на податоците, предност ќе има последното.
ПРЕМИУМ БРАНДС ДОО Скопје има право да ја менува оваа Политика во секое време. Во таков
случај, ние ќе ве известиме за ваквите промени и ќе ве замолиме да се запознаете со
најновата верзија на оваа Политика и да го потврдите нејзиното прифаќање. Политиката е
достапна на веб страната на ПРЕМИУМ БРАНДС каде можете да се запознаете со неа и со сите
последователни промени.
Оваа веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство. Дали прифаќате?